Kипротич Кируи од Кенија втора година по ред остварува триумф на Скопскиот маратон. Искусниот маратонец очигледно дека ги обожава скопските улици, а тоа овој пат го стори со време од два часа, 12 минути и 59 секунди.
Како што можеше и да се претпостави, атлетичарите од Кенија доминираа на најдолгата патека, а по Кируи следеше неговиот сонародник Едвин Кипрути Кирва со време од 2:16.15 часа, додека, пак, на третото место се најде Сејмуел Кимутаи Киптум кој целната линија ја мина за време од 2:16:32 часа.
Нашиот Дарио Ивановски пак е победник на полумаратонот кој денес се трчаше во склоп на Скопскиот маратон. Патеката во должина од 21 километар Ивановски ја мина за време од 1:11:27 часа.