6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС има причина зошто бега и се крие

„СДС бега и се крие од сите прашања кои ги отвори Зоран Заев изминатиов период, а кои се директно на штета на државните и национални интереси.

СДС има причина зошто бега и се крие.

Граѓаните гледаат дека почнуваат да се реализираат срамните отстапки кои ги договараше нивниот лидер.

Во кабинетот на Претседателот на Собранието веќе има албанско знаме, а се најавува дека македонското собрание ќе биде третиот парламент во регионот каде седниците ќе се водат на албански јазик.

Заев веќе јавно ја нападна посебноста на македонскиот народ, тврдејќи дека сме ист народ и со Бугарите и со Србите.
Заев ги навреди Македонците дека имаат валкано лице и се прогласуваше за албански премиер.

Затоа СДС во партиските реакции не смее да спомене ништо од прашањата кои директно задираат во суверенитетот на државата и ја редефинираат Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на пресконференцијата на Дарко Костовски.

поврзани објави

Последни објави