fbpx
28.8 C
Skopje

ВАРДАР ОСТАНА БЕЗ ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА, СРАМНА ПОБЕДА НА ЃЕР

АКТУЕЛНО

Женскиот ракометен клуб на Вардар остана без толку посакуваната победа и освојување на тронот во Лигата на шампионите откако денеска загуби во големото финале по продолженија со 31-30 против унгарски Ѓер. Кое мина со низа неправилности како од судискиот тандем кој реално неможеше да се носи со ова големо финале така и од делегатот.

Вардарки подобро го отворија натпреварот водејќи со 3-2, потоа ракометарките на Ѓер беа тие кој го диктираа темпото водејќи константо од 2 до 4 гола разлика, нашите ракометарки направија неколку технички грешки па унгарките дојдоа и до +4 првото полувреме се заврши со 15-12 во полза на Ѓер.

Второто полувреме Вардар го стартуваше многу по ангажирано а разликата варираше, до крајот на регуларниот дел. При последниот напад на Вардар во крајот на регуларниот дел според новите правила на ЕХФ ако има остар старт се доделува пенал и директен црвен картон, но како тоа да не го учеле данските судијќи. Истотака во 58 минута помошникот на Вардар, Кокшаров стоејќи покрај клупата со картончето за тајм-аут, делегатот од клупата му го зема и покажа тајм-аут иако не беше побаран. Се заврши 26-26 и натпреварот замина во продолженија. Унгарките многу подобро ги отворија дополнителните минути, а при последнито напад во второто дополнително време ракометарките на Ѓер цела минута ја држеа топката во рацете а судискиот тандем остана нем па така Ѓер победи со конечни 31-30 и ја освои лигата на шампионите на сомнителен и срамен начин.

Но сепак на крајот тоа што е наше ке си дојде, се што ни е украден ќе се врати, главата горе.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -