0.8 C
Skopje
понеделник, февруари 2, 2026

Лина Ѓорческа се искачи едно место погоре и го запиша рекордното 181. место на ВТА

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да напредува на светската ранг листа. На денешното рангирање, Ѓорческа, скокна за една позиција и сега е на 181 место во светот.

Ова е најдобриот пласман на една наша тенисерка во историјата. Лина има вкупно 300 поени.

На врвот на листата нема промени и понатаму прва е Серина Вилијамс, пред Анџелика Кербер и Каролина Плишкова.

поврзани објави

Последни објави