fbpx
2.8 C
Skopje

СДСМ: Никој нема да ја злоупотребува полицијата како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, а за злоупотребите ќе има одговорност

АКТУЕЛНО

СДСМ со писмено соопштение регира на прес-конференцијата Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија ќе добие модерна и ефикасна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните.

Никогаш повеќе никој нема да смее да ја злоупотребува полицијата од партиски штабови, ниту пак во неа ќе има место за криминалци!

Никогаш повеќе полицијата нема да дејствува како партиски апарат за присила и заплашување, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе биде санкционирано секое прекршување на Уставот и законите и секој чин на насилство, како што e инцидентот во Собранието на Р.Македонија каде што беа нападнати пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Парламентарното мнозинство на легитимен и легален начин избра легитимен и признаен претседател на Собранието. Преку почитување на Деловникот, Уставот и законите, ќе биде формирана и новата реформска Влада која ќе ги започне реформите во сите ресори, вклучувајќи ја и полицијата која ќе биде професионален, ефикасен и модерен безбедносен систем кој ќе работи во интерес на граѓаните, а не во интерес на партии и поединци“ се вели во соопштението на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -