fbpx
25.8 C
Skopje

МАКРОН ПОДНЕСЕ ОСТАВКА НА ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДВИЖЕЊЕТО „НАПРЕД“

АКТУЕЛНО

Новоизбраниот претседател на Франција Емануел Макрон поднесе оставка на функцијата претседател на движењето „Напред“ (ЕМ), што тој го основа, еден ден откако со убедлива победа во вториот круг на претседателските избори во Франција беше избран за претседател на земјата.

Ришар Ферар, главниот секретар на ЕМ, вчера им се заблагодари на поддржувачите, а потоа одржа прес-конференција на која соопшти дека Макрон поднел оставка од функцијата претседател на движењето „на вонредниот состанок на управниот одбор“.

За привремен претседател на ЕМ, што Макрон го основаше во 2016 година, именувана е Катрин Барбару.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -