6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

ВИДЕО: „A1on“ сторија, две години по Диво Насеље

Поминаа две години од вооружената престелка во кумановското Диво Насеље, а во сторија на „А1он“ жителите на ова место велат дека се уште се згорзени од случувањата во таа кобна година во која загинаа 8 припадници на полицијата и околу 10 припадници на вооружената терористичка група, а граѓаните ја обинуваат власта во заминување.

„Тоа што се случи тука власта знае подобро од мене, подобро од сите. Не е само тука, таа банда била секаде, потоа дошле овде,“ вели Рустем Ибрахими.

Децата се уште чувствуваат трауми, имаме деца од 2 до 10 години, прашуваат дали уште ќе има пукање. Полицијата ги малтретираше граѓаните тука, тие што ги однесоа во Скопје не ги малтретираа“, вели Адем Ибрахими.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски во изјава за медиумите вели дека случувањата од 9. и 10. мај 2015 година се поврзани со политичката криза.

„Куманово имаше големо премрежје на 9. мај, погинаа невини луѓе, на чии роднини им искажувам сочувство. Куманово покажа дека има сила“ рече Дамјановски.

Две години подоцна, се уште не е завршено судењето за Диво Насеље. Обвинителството товари 29 од вооружената група и тврдат дека имаат 40 заштитени сведоци.

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -