Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска излезе со честитка за христијанските верници по повод големиот празник Божиќ.
„Имам чест и задоволство, во име на сите нас при Демократската унија за интеграција и во мое лично име да ги изразам нашите искрени честитки по повод светиот празник Божиќ.
Почитувани сонародници, браќа и сестри Албанци од православна христијанска вера,
Овој празник на надежта и вербата не наоѓа во момент кога во Собранието на Република Македонија, сега веќе, имаме и еден пратеник православен Албанец. Со гордост го нагласувам овој факт како еден пример на нашата вековна традиција на хармонија, почит и братство.
Со надеж и доверба дека оваа година ќе биде година на меѓуалбанската соработка, ви посакувам Среќен Божиќ. Здравје, благослов и среќа во вашите семејства“, се наведува во честитката“, стои во честитката.