fbpx
17.8 C
Skopje

ФРОДЕМ: Битка за враќање на партијата на членството, а државата на народот

АКТУЕЛНО

„ФРОДЕМ e згрозен од свесно изнасиленото форсирање победнички дух и глумење наводна непопустливост на врхушката на ДПМНЕ, кое е исклучиво во функција на пазарот за личен спас. Целта е со пазарот да се спасат неколкумина најблиски, а другите да се „пуштат“ низ вода.

Со случувањата во Собранието на Р. Македонја на 27 април оваа година, паднаa маските на криминалните структури, лажните моралисти и квази патриоти. По којзнае кој пат се виде дека се работи за такви патриоти на кои најбитна им е удобната фотеља и полното банкарското конто.

Вистинските патриоти и чесни членови служат само за еднократна употреба. Заради личен спас Груевски и неколкумината негови слепи послушници, со нозе во кал до коленици, одбраа тактиката на негирање на реалноста, глумење патриотизам и јавно „силување” награѓаните на Р. Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нема надворешни непријатели. Непријателите на партијата, граѓаните и на државата се во редовите на партиското криминализирано раководство. Срамно и жално е сопствените граѓани да се манипулираат со евтини и провидни игри од страна лидер кој е избран на приватна забава (наводен Конгрес). Веќе одамна излитените закани „зад нас стои народот” или „народот ќе одлучи” не ги даде посакуваните ефекти, бидејќи и малите деца одамна ја прочитаа и оваа манипулација. Народот нема повеќе да дозволи и понатаму да биде свежо топовско месо за реализација и заштита на туѓи криминални интереси.

Колку побрзо Никола Груевски си замине од политичката сцена и лидерската позиција на ДПМНЕ, толку подобро за ВМРО ДПМНЕ. Тодоровци, милошовци, поповци, ѓорчевци и други искомпромитирани личности кои учествувале во обезличувањето на партијата и кои заради сопствени лични интереси измеќаруваа на фамилијата се само дополнителен баласт за партијата, државата и нашата иднина. Нивната вина е иста како и вината на нивниот вожд.

ФРОДЕМ се обраќа до членството на ВМРО ДПМНЕ да не потпаѓа под директивите и налозите на криминалната структура и да бие туѓи битки. Време е да се понесе одговорност за стореното зло. Членството не смее да дозволи ВМРО ДПМНЕ да се става во заложништво, а уште помалку нашата држава Република Македонија. На партиските прислушници кои свесно или несвесно се влезени во криминалниот лавиринт секојдневно животот им станува пекол. Колку побрзо соберат храброст и излезат од тој лавиринт и се соочат со правдата, толку подобро за нив.

Истовремено ФРОДЕМ им укажува признание и почит на сите чесни и доблесни членови на ВМРО ДПМНЕ кои не потклекнаа под притисоците на натрапничкото раководство и размислуваат со своја глава. Македонија се сака со срце и отворен ум, а не со сервилно и слепо почитување на наредбите на оние на кои местото одамна им е резервирано во македонските зандани, онаму каде што со години лежат неправедно осудени политички неистомисленици во монтирани политички случаи.

Борбата која ја започна ФРОДЕМ е борба за доброто на народот, борба за демократија и достоинство и борба за почитувана држава. Тоа е битка за враќање на партијата на членството, а државата на народот. Toa e битка за демократска консолидација. Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не смеат и понатаму да останат заложницина болните и непромислени авантури на алчните и лажни патриоти. Патиштата за остварување на овие заложби се различни, но една е целта: Слободна и праведна Македонија ослободена од криминалните структури, партиски профитери и лицемери“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -