fbpx
29.8 C
Skopje

ЦИА формира посебен центар за спротивставување на севернокорејската закана

АКТУЕЛНО

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД формираше специјален центар за спротивставување на заканите од нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштението објавено на сајтот на американсата агенција.

Ова е прва единица на ЦИА, фокусирана на една држава.

Центарот ќе ги обедини ресурсите на неколку одделенија и ќе ги анализира информациите за нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја.

Името на раководителот на единицата се уште не е откриено.

Оваа вест беше соопштена во момент кога Северна Кореја може да ја изврши нејзината шеста нуклеарна проба.

САД не ја исклучува можноста да нанесе превентивен удар врз Северна Кореја, со цел да ја попречи работата на ракетите со нуклеарни боеви глави.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -