fbpx
-6.2 C
Skopje

Туширањето со студена вода влијае добро на здравјето?

АКТУЕЛНО

Туширањето со студена вода е вид на хидротерапија, кој во минатото бил познат медицински третман. Лесниот пристап до топла вода и лековите придонеле студениот туш да се заборави, иако тој има многу здравствени предности.

Јакнење на имунитетот – Студениот туш го зголемува производството на белите крвни зрнца и на тој начин го зајакнува имунитетот. Поради тоа е помалку веројатно да се добие настинка и грип, па дури и некои видови на рак.

Подобрување на циркулацијата – Добрата циркулација е клучна за целокупното здравје. Измената на топла и студена вода за време на туширањето ја подобрува циркулацијата, бидејќи доаѓа до стегнување и ширење на крвните садови. Тоа може да спречи и хипертензија, појава на проширени вени и да помогне да се чувствувате и изгледата подобро.

Регулирање на телесната температура – Доколку имате хронично студени раце или нозе или сметате дека премногу се потите, тогаш обидете се со студен туш.

Поттикнува слабеење – Го забрзува метаболизмот и го активира согорувањето на масните клетки. Ќе забележите дека полесно слабеете и дека е подобар растот и опоравувањето на мускулното ткиво.

Ја намалува депресијата – Студената вода ја стимулира „сината точка“ во мозокот и поттикнува производство на норадреналинот, кој ја намалува депресијата.

Поздрава коса и кожа – Топлата вода ја суши кожата, додека студената ги затегнува кожата и порите и и дава сјај на косата. Студениот туш е корисен и за спречување на кожните проблеми, како што се акните, а помага и за детоксикација.

Ја зголемува плодноста – Студениот туш поттикнува производство на хормони кои се корисни кога се прават обиди за забременување.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -