23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Огромна санта мраз се цепи од Антартикот: Изледот на континетот значајно ќе се промени (Видео)

Ледниот гребен „Larsen C“ за кого научниците уште минатата година предупредија дека е напукнат, ќе остане без повеќе од 5000 километри квадратни, доколку пукнатината продолжи да се шири.

„Larsen C“ се наоѓа на северниот дел на Антарктикот. Неговата дебелина изнесува околу 350 метри. Минтата година научниците предупредија за расцепот, кој постепено се повеќе и повеќе се зголемува. Последниот месец оваа пукнатина се зголеми за 18 километри, па сега остануваат уште само 20 километри за оваа огромна санта мраз да се оддели од ледниот гребен.

Научниците стравуваат дека со одделувањето од замрзнатиот континент би можело да се забрза лизгањето на леденикот кон морето, што на крај би резултирало со пораст на нивото на светските мориња.

Во изминатите години дошло до пукање на неколку ледени гребени во северните делови на Антарктикот, вклучувајќи го и Larsen B кој исчезна во 2002 година.

поврзани објави

Последни објави