Новоизбраниот Претседател на Собранието Талат Џафери претпладнево во законодавниот дом има средба со 16 амбасадори на земјите членки на Европската унија.
На средбата, како што е најавено, присуствуваат амбасадорите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство.