3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Лавров: Оставаме на Трамп да реши како ќе ги развива односите со Русија

Москва остава на претседателот Доналд Трамп да одлучи како ќе ги развие односите со Русија , изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред новинари. Запрашан дали во разговорот со Доналд Трамп разговарале за прашањето за обновување на претседателската комисија, чија работа беше замрзната во почетокот на украинскиот конфликт, Лавров рече дека оваа тема не била разговарана детално.

Тој исто така истакна, дека на средбата со Трамп ја потврдил желбата за нормализирање на односите меѓу САД и Русија. Лавров присуствуваше на состанок на Арктичкиот совет во Алјаска, каде пристигна по посетата на Вашингтон, каде што беше примен од претседателот на САД, Доналд Трамп.

поврзани објави

Последни објави