Романија го заслужи своето природно место во ЕУ и во Шенген зоната. Романија треба да стане членка на Шенген просторот што е можно побрзо, бидејќи го заслужија тоа. Ова го изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод – Јункер во говор во романскиот парламент по повод 10. годишнината од влезот на земјата во ЕУ, прецизирајќи дека критериумите за прием во ЕУ не треба да се затегнуваат.
Јункер вети дека до крајот на неговиот мандат ќе се бори заедно со романските власти за остварување на овие реформи. Механизмот за верификација и соработка беше воведен специјално за Романија и Бугарија во 2006 година, со цел да им се помогне на овие две земји во решавањето на проблемите во судството и борбата против корупцијата.