fbpx
18.8 C
Skopje

Илиевски: Иванов да не заборави на заклетвата која ја положил на овој ден од пред три и осум години

АКТУЕЛНО

Еден од организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски на денешниот протест побара од претседателот на државата Ѓорге Иванов да не ја заборави заклетвата која ја положил на овој ден пред три и осум години.

„Да го чува суверенитетот и унитарноста на Република Македонија. На 12-ти мај 2017 бараме од него денес или наредните денови уште еднаш да ја повтори заклетвата јасно и гласно пред сите со тоа што нема да го додели мандатот на оние кои се качени на Тиранската платформа и кои не може да гарантираат за унитаноста на Република Македонија. Претседателе Иванов, слушнете го гласот на народот, бранете ги интересите на граѓаните и бранете го Уставот. На тој пат ќе продолжиме да чекориме заедно,“ истакна Илиевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -