6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Ји: Влегувањето на Црна Гора во НАТО најдраматична промена во регионот

Заменикот помошник американски државен секретар Хојт Брајан Ји на 2БС Форумот, кој вчера се одржуваше во Будва изјави дека влегувањето на Црна Гора во НАТО е најдраматичната промена, иако многу работи се случиле во регионот оваа година.

Тој изјави дека членството во Алијансата е извонредно достигнување за Црна Гора.

„ САД остануваат со Црна Гора на секој чекор на патот кон НАТО “, нагласи Ји.

Тој нагласи дека САД исто така ќе застанат зад секој земја во регионот, која има таква цел.

„ Ќе го поддржуваме и НАТО како столб на глобалната безбедност. Партнерството на САД и ЕУ нема да се менува. Америка е посветена на Алијансата “, наведе тој.

Според него влезот на Црна Гора во НАТО ќе ја зајакне конзистентноста на политиката на отворени врати, но ја открива одлучноста на Русија да го поткопа напредокот на Балканот на европскиот и евроатлантскиот пат, почнувајќи од, како што кажа „дрскиот план за Подгорица и поддршките на движењата во Босна, до напорите да се изолира Косово“.

„ Видовме застрашувачка националистичка реторика и политики на поделби, видовме солзавец во Собранието на Косово, политичари во Република Српска кои се закануваат со отцепување, толпа која упадна во Парламентот во Скопје, опозиција во Црна Гора, која го бојкотира Парламентот. Со цел сето тоа да се избегне лидерите во регионот мора да најдат политичка храброст за неопходните, но непопуларни реформи во интерес на граѓаните. Се надевам дека новиот премиер на Косово ќе има храброст да ја усвои спогодбата за разграничување со Црна Гора“, рече Ји.

поврзани објави

Последни објави