3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(ВИДЕО) Фетах со солзи во очите: Денес не отидов на училиште, бидејќи немам пари за леб

Фетах има само 10 години и уште од сега ја чувствува суровоста на животот на своја кожа. Татко му е починат, а детето има две сестри и мајка која е болна.

https://www.youtube.com/watch?v=SVTGBj71wj0

Фетах, во камерата на  ТВ21 не можеше да ги сопре солзите, бидејќи поради сиромаштија буквално е гладно.

„Јас сум четврто одделение. Денес не отидов на училиште, бидејќи немам пари за леб. Ми беше срам да одам на училиште без храна. Сакам да имам моја соба, една мала куќа и храна. Другарите ми се потсмеваат дека немам пари и не сакаат да се дружат со мене,“ вели тој.

 Сопственикот на станот каде што се под кирија најавил дека утре ќе биде последен ден за нив во овој стан, и не знаат каде ќе завршат од понеделник. Но тоа не е главната грижа на мајката, туку дека децата не се јадени 24 часа.
Извор: ТВ21
Информации за оние кои сакаат и можат да помогнат

Телефон: 071 986 628  071540386

Земрије Салихи

Жиро сметка: 500800018464325

(Стопанска банка)

IBAN MK07500080013584873

SWIFT STBBMK22

поврзани објави

Последни објави