3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јаворов и Лора

 

Во една прилика, еден другар ми кажа дека приказната за Ромео и Јулија е комедија во споредба со љубовната приказна на бугарскиот поет Пејо Јаворов и неговата сопруга Лора Каравелова. Би сакал со мои зборови да ви ја доловам таа сторија…

Пејо Јаворов е речиси непознат за широката маса на луѓе во Р.Македонија. Нешто недопустливо барем за мене, ако се знае дека тој бил близок другар на Гоце Делчев и автор на неговата прва биографија. Јаворов исто така е автор и на песната „Ден денувам“, која според моето скромно мислење е најубавата песна што е напишана и посветена на Гоце Делчев и Македонија, во историјата на пишаниот збор поврзан со Македонија воопшто. Јаворов бил романтичар и комита. Револуционер, кој својата поетска непокорност, сакал да материјализира и со реална борба и подготвеност за саможртва. Смело можам да тврдам дека Јаворов (и покрај тоа што не е роден во Македонија и не е потомок на македонски преселници) многу повеќе ја сакал Македонија, ако онака хипотетитчки го споредам со голем број личности, кои нели денес во Македонија се слават како „креатори на македонската државност“. Кажано народски, Јаворов им бега со по неколку цели обиколки на еден куп „заслужни“ историски личности, со кои од 1945 г до ден денешен се озрачува македонската младина. Јаворов е смелост, гордост и љубов. Јаворов е неподобен како пример за создавање на генерации, осудени да служат некому. Јаворов е за исправените глави, а не за тие наведнатите.

Лора Каравелова е една од најпознатите припаднички на високото софиско општество за нејзиното време. Нејзин татко е високиот бугарски државник Петко Каравелов, брат на големиот бугарски револуционер Љубен Каравелов. Лора го добива своето високо образование во странство и е една од најпосакуваните жени во бугарската престолнина. Таа и Јаворов се запознаваат во 1906 година, но судбината решава да ги сврзе 6 години подоцна, кога големиот бугарски поет и припадничката на софиската елита стапуваат во брак. Нивната љубовна приказна е кратка и трагична, исто како љубовите опишани во романтичните трагедии, со таа разлика што овде се е реалност. Болна реалност сошиена од љубов, љубомора и лудост. Јаворов и Лора горат еден за друг и еден до друг, за да дојде страшниот ден кога навистина ќе изгорат.

Лора Каравелова се самоубива на 30 ноември 1913 година во заедничкиот дом. Јаворов кој е сведок на настанот, пропаѓа и исто така прави обид за самоубиство, но не успева да стави крај на својот живот. Од овој момент започнува пеколот на Јаворов. Тој е осомничен дека е убиецот на својата љубена. Јавното мислење, манипулирано пред се од роднините на Лора, е насочено против големиот поет. Тој испаѓа во длабока депресија и на 29 октомври 1914 година се самоубива.

Како стар комита, Јаворов не ги прекинува врските со Организацијата. Другарот на Гоце Делчев, активно комуницира со новиот лидер на Организацијата, Тодор Александров. Постои непотврдена верзија, за тоа како Јаворов ги добил пиштолот и отровот за своето самоубиство, а имено дека токму Тодор Александров му ги доставил.
За љубовта на Јаворов кон Македонија најдобро сведочи предсмртно писмо упатено до Тодор Александров. Ќе си дозволам да го пренесам овде без никаква редакција и превод:

„Драги Тодоре,

Прости ми ти, нека ми простят и всички други, че изменям на Македония. Аз умирам тук.

Ще легна при моята мила Лора.

Целувам те, дълбоко трогнат от грижите, които положи за мене през дни на големи изпитания. Благодаря за тия деветстотин лева помощ от организацията, без които отдавна бих умрял от глад, наместо от куршум, както ми приляга.

Кажи на Македония, когато отидеш там, че нейният син (аз се считам за неин) умря в свободна България, увенчан с една най-мръсна клевета. И когато тя бъде свободна, нека един другар дойде на гроба ми и каже: “Поздрав от нашата майка мъченица – тя вече е щастлива!”

Предай моите сърдечни поздрави на домашните си!

Горещо стискам ръцете на Христо Матов и Хр. Татарчев и Ал. Протогеров.

Целувам те. Сбогом

Твоя Пейо“

Писмото на Јаворов до Александров нема потреба од никаков коментар. Тежината на зборовите продира длабоко во душата на секој човек што ќе се допре до таа чиста љубов.

Бидејќи не сакам да ве оптеретувам со повеќе филозофирања би сакал да споделам за идејата на истиот тој другар, кого го спомнав на почетокот на овој напис. Тој како еден голем емотивец има една голема и донекаде утописка желба, а имено тлените останки на Пејо и Лора да бидат пренесени во Македонија, на брегот на Охридското езеро и така двајцата заљубени да останат во вечен мир, и да почиваат во втората најголема љубов на поетот- Македонија. Јас би се надоврзал на таа идеја со нешто многу полесно изводливо а имено изградбата на биста на поетот и неговата голема љубов во главниот град на Р. Македонија. Ако некоја историска личност навистина го заслужува тоа, тогаш тоа е Пејо Јаворов, еден од најголемите заљубеници во Македонија.

СТОН

На Лора

Душата ми е стон. Душата ми е зов.

Защото аз съм птица устрелена:

на смърт е моята душа ранена,

на смърт ранена от любов…

Душата ми е стон. Душата ми е зов.

Кажете ми що значат среща и разлъка?

И ето аз ви думам: има ад и мъка –

и в мъката любов!

Миражите са близо, – пътя е далек.

Учудено засмяна жизнерадост

на неведение и алчна младост,

на знойна плът и призрак лек…

Миражите са близо, – пътя е далек:

защото тя стои в сияние пред мене,

стои, ала не чуе, кой зове и стене, –

тя – плът и призрак лек!

Пејо Јаворов

Пишува: Атанас Величков

Извор: МБП

поврзани објави

Последни објави