Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, денеска одржа со поранешните претседатели на македонскиот Парламент. Џафери ги повикал сите досегашни собраниски спикери, но на средбата присуствувале Стојан Андов, Тито Петковски и Никола Поповски.
На средбата требало да присуствуваат и Љубиша Георгиевски, Саво Климовски и Трајко Вељаноски. Тие образложиле дека не можат да присуствуваат поради неодложни обврски.