Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска пристигна во Вашингтон, каде денеска е предвидено да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Ердоган беше пречекан од група луѓе, кои развиорија турско знаме и го извикуваа неговото име на мал собир во близина на Белата куќа. Пречекот на Ердоган беше организиран од турско-американскиот национален комитет.
За денеска во Вашингтон е најавен и собир на противниците на Ердоган.