fbpx
19.8 C
Skopje

Екс-министерот за финансии Авдулах Хоти е кандидат на ДСК за нов косовски премиер

АКТУЕЛНО

Досегашниот министер за финансии во косовската Влада, Авдулах Хоти, е кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово за премиер, одлучи денеска неговата партија.

Лидерот на партијата и премиер во заминување, Иса Мустафа, отстапи од кандидирањето за нов мандат и по консултациите со партијата, донесена беше одлука за Хоти да биде нивниот партиски кандидат за премиерската функција.

Како што Мустафа кажа, Хоти ја има поддршката од сите членови на ДСК.

– Господин Хоти е далеку пред сите во смисла на знаење, од него може многу да се научи за економијата и како да се управува земјата, рече Мустафа по состанокот на Претседателстсвото на ДСК, јави Коханет.

Хоти е еден од помладите членови на ДСК, а во времето кога Мустафа беше градоначалник на Приштина, ја извршуваше должноста на негов заменик.

Демократскиот сојуз на Косово до неодамна беше во владеачката коалиција со Демократската партија на Косово (ДПК), која минатата недела одлучи да го поддржи падот на Владата, јави Радио Слободна Европа.

Лидерот на ДПК, Кадри Весељи, до неодамна претседател на Собранието, е кандидат на оваа партија за премиер.

Предвремените избори на Косово ќе се одржат на 11 јуни.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -