-1.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

Кога ќе добиете грч не паничете: Еве што треба да направите за да ја олеснете болката

Грч или ”spazam” претставува стегање на мускулите и затоа е важно да не правите нагли движења на ногата кога настапува грчот. Грчот се смирува со спротивната акција а тоа е истегнување.
Можеби ви се случило да се разбудите во текот на ноќта или пак по долгиот ден на нозе да добиете грч.
Уморни и поспани често не знаете како да реагирате во таков момент па најчесто се случува да ја масирате својата нога а така грчот може да сане посиле па и иритантен и болен.

Зошто настануваат грчевите?
На мускулите не им одговараат некои животни навики

Грчевите често се појавуваат во мускулите на долните екстремитети итоа на стапалата но и на задниот дел на подколеницата, предните и задните страни на надколеницата.
Болен спазам може да се случи додека спиеме.
Грчот се појавува како последица на интезивен физички напор, неадекватна положба или преоптеретеност на одреден дел од телото а тоа најчесто се долните екстремитети. Може да се појави како последица на недоволно внесување на течности или засилено потење, кога се губат еелектролити, при лоша артериска или венска циркулација, по користење на некои лекови и сл.

Додека трае спазамот, вие најчесто се обидувате да го кренете мускулот кој ви е во состојба на грчење и тој да започне посилно да се стега.
Спазамот пропратен со силна болка трае неколку минути и е чест показател на недостаток на магнезиум, калиум и калциум во организмот. 
Често кај лицата кои се хранат со еднолична исхрана односно кај лицата кои консумираат само протеини или јаглени -хидрати почеста е појавата на грчеви. 

Како да реагирате при појава на грчеви?
Доколку добиете грч во стапалото со раката подигнете ги и кон себе влечете ги прстите на стапалото. Кога болката ќе започне да попушта, повлечете го кон себе целото стапало, на тој начин ги истегнувате мускулите кои се грчат. За спазам во листот на ногата застанете исправени и болното колено свиткајте го и ногата кренете ја нагоре со цел да ги истегнете влакната на мускулот и да ги опуштите.
Колку повеќе ги растегнувате мускулите толку подобро и побрзо ќе се справите со овие болни грчеви.

поврзани објави

Последни објави