fbpx
16.8 C
Skopje

Двајца градежни работници паднале од скеле

АКТУЕЛНО

На 15.05.2017 година, во 10:58 часот, во ЕИК Скопје било пријавено дека во Ургентен центар Скопје бил донесен повреден П.Ј. (51) од Скопје, кој работел на објект во изградба на ул. „Рузвелтова“. Истиот паднал од висина и се здобил со тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така, вчера, во 15:50 часот, во ЕИК Скопје, Б.Н пријавил дека на бул. „Никола Карев“, во објект во изградба, С.Б. (22) од Генерал Јанковиќ, Косово, паднал од висина. Истиот со Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -