5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Георгиевски: Јас кога бев ВМРО, Иванов беше кадар на СДСМ

Претседателот на ВМРО Народна Партија, Љубчо Георгиевски во гостувањето на Топ Тема на телевизија Телма, рече дека Грувески учел од неговите грешки, особено во медиумскиот простор. Тој вели дека во 90-тите години имаше потреба од патриотизам и популизам, но дека сега после 27-28 години прикажување на еден ваков тип на патриотизам, е непотребна и надмината работа.

„Груевски беше во една таква постојана конфронтација со одредени министри, но во тоа време мислев дека е конструктивна. Не препознавав знаци кои се изродија во таа димензија која кулминира во последните години и месеци. Еден од најголемите поборници против индустриските зони беа Ставрески, Ванчо Каргов, целата таа екипа беа жестоки противници на слободните индустриски зони а после тоа беше знаме на нивната економска политика, кога дојдоа на власт,“ рече Георгиевски.

„Првата фаза од 90-91 година кога ја правевме самостојна и независна Македонија, тоа беше време на изворен патриотизам, кога се рушеше Југославија. Заедно со тој патриотизам имаше и многу популизам. Но за да се разбуди тој бран, да се разбуди Македонија имало потреба од тој популизам. Повторно да се случи 90-91 година неможе да се направи тоа што е направено тогаш. Дали сега после 27-28 години имаме потреба од ваков тип на патриотизам, мислам дека таквата работа е надмината“, додаде тој

Георгиевски рече дека снимките од Собранието сто пати ги гледал и анализирал колку луѓе од тие ги познавал

Прашање е дали 5-6 луѓе ги знам, преку имиња и презимиња, другите не ги препознавам. Многумина од тие треба да се запрашаат кај биле 90 година, кај беа тие луѓе, зошто тогаш не беа патриоти? Истото се однесува и на еден куп новинари. Ги гледам одредени новинари комунисти како зборуваат за завера против Македонија, во 2001 година не гледаа завера против Македонија. Сите се сеќаваме кои тези тие новинари ги тогаш бранеа? Јас мислам дека Македонија требаше да се спасува многу порано, бидејќи тогаш ударите беа многу појаки и посилни. Ние имавме влада која беше прогласена за најдобра реформска Влада, ни дадоа договор за стабилизација и асоцијација. Дојде ситуација кога мораше да ја браниме Македонија. Ако направите анализа на тогашната ситуација кога имаше војна, и сега кога нема војна, ние 10 пати покултурно ја браневме Македонија отколку сега овие што ја „бранат“.

Георгиевски вели дека тој не е единствениот кој допринел за Груевски да остане толку долго на власт, напротив тука имало многу поголеми играчи.

„Гошев пет години му беше гувернер на Груевски во НРБМ, Тито Петковски прво се нафати да го поразиме Груевски, потоа не предаде, Стојан Андов кој отиде во коалиција со Груевски, многу новинари кои го фалеа и колку е мудра и визионерска политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Има многу учесници во градењето на овој систем. Јас си земам дел од својата вина, но не сум главниот играч за тоа бидејќи тука имаше многу луѓе кои многу повеќе му помогнаа на Груевски да опстои на власт отколку што помогнал Георгиевски. Јас сум единствениот премиер за кој нема никаков кривичен и истражен акт, што доволно зборува за паѓање на приказните кои сме ги слушале во тоа време. Можам да ви кажам дека има стотици бизнисмени кои во нашите 4 години работеа. Разговарајте со нив, да ви кажат дали некој како Влада тогаш ги терал на сила, да даваат корупција, како работеле во тие 4 години, како работеле пред и после мојата Влада. Македонската политика е полна со лицемерие. Секоја политика носи одредени бенефиции, но тоа не значи дека ако прави бизнис дека е нелегален бизнис.

Зборувајќи за работењето на својата Влада, Георгиевски рече дека во тоа време имало најголема демократија, особено најголема слобода на економијата.

Освен што имаше најголема демократија, имаше најголема слобода на економијата. Кога ја гледам новата структура на СДСМ, повторно ги препознаваме дека голем дел од нив се со бизниси и со сета таа работа. Тоа е дел од начинот на функционирањето. Според мене, за жал, тоа е реалноста. После првиот мандат кој го даде Ѓорге Иванов. Видов дека СДСМ направил коалиција со ДУИ. Јасно беше дека изворен партнер на ДУИ е ВМРО-ДПМНЕ, но поради меѓународен фактор, притисок од Албанија, раководството на ДУИ одлучи да биде со СДСМ. Кога имаш една ваква ситуација, тие треба да ја предадат коалицијата, катастрофална грешка е што немаше избори во Мај, бидејќи поради кампањата што ја водеа имаа големи шанси да добијат. Тие влегоа во конфронтација со албанските политички партии, со меѓународниот фактор и затоа не знам како ќе заврши целата оваа ситуација за нив, индивидуално. Агендата за голема Албанија не е завршена приказна. Таа е цел на албанските политички партии. Таа ќе се тера во наредните неколку години. Меѓутоа, јас како политичар не гледам дека нешто посебно, доколку постои таква идеја на голема Албанија, дека нешто посебно ВМРО-ДПМНЕ ја заштитил Македонија. Прво, ако ги гледаме членовите на „Тиранска платформа“, тогаш забележуваме дека има Уставен суд на Република Македонија, кој се уште е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ за да СДСМ, ДУИ и БЕСА да не носат закони кои ќе бидат неуставни. Сметам дека тоа е страшна пропаганда. Апсолутно сметам дека во последните десет години ВМРО-ДПМНЕ не е партијата која направи нешто која не заштити од албанците,“ вели Георгиевски.

поврзани објави

Последни објави