fbpx
0.8 C
Skopje

Љубчо Георгиевски: Во 2002 година не постоеше сила која може да ме смени, направив саможртва за ВМРО-ДПМНЕ да победи на наредните избори

АКТУЕЛНО

Љубчо Георгеивски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека кога ги гледа луѓето кои денеска се во ВМРО-ДПМНЕ може да препознае голем дел од нив кои во 90-тите и во време кога тој бил премиер, биле на страната на СДСМ а жестоко ги напаѓале политиките на ВМРО-ДПМНЕ, нешто кое денеска е сосема променето. Тој нагласи дека во времето кога тој бил претседател на ВМРО-ДПМНЕ немало сила која би можела да го смени, но тој проценил и направил саможртва за доброто на партијата.

„Мукоски беше СДСМОВСКИ ориентиран. Можам на прсти да ги избројам тие што ги знам од мое време. Не знам од каде се тие дојдени во ВМРО-ДПМНЕ. Не можам да ви кажам кои се тие луѓе,“ одговори Георгиевски на новинарското прашање дали го знае пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски како член на ВМРО-ДПМНЕ од тоа време.

 После падот на ВМРО-ДПМНЕ ќе настанат тектонски промени и ќе дојде до одредено преструктирање. Се надевам дека ќе дојдат во една ситуација ако им е во интерес партијата, да си го постават прашањето што јас ги поставив тогаш кога се повлеков од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2003 никој не можеше да ме смени, не постоеше сила што ќе ме сменела. Јас тогаш видов дека за доброто на партијата, се жртвував самиот себе за да ја спасам партијата. Тоа што денеска тие сакаат да ме избришат од историјата на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија е нивна работа, ако имаат некаква совест, нека им тежи на глава. Факт е дека Георгиевски во 2002 година направи саможртва, за ВМРО-ДПМНЕ да извојува една голема победа на наредните избори, рече Георгиевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -