fbpx
36.8 C
Skopje

Иванов го додели мандатот – Заев е идниот премиер на Република Македонија!

АКТУЕЛНО

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Мандатот за формирање Влада е доделен откако се остратенети пречките односно се обезбедени гаранциите што ги бараше шефот на државата за зачувување на унитарноста на државата и почитување на Уставот.

– Пречките за состав на Владата се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член од Уставот за определување на мандатар за состав на Владата, рече во краткото обраќање претседателот Иванов.

Зоран Заев се заблагодари и посочи дека се остранети двете пречки за доделување на мандатот, односно претседателот на Собранието Талат Џафери испрати писмо до претседателот Иванов за формираното парламентарно мнозинство, а тој како манадатар испорачал изјава во форма на гаранција.

Во име на формираното парламентарно мнозинство прво гарантираме заштита на унитаарноста, сувернитетот територијатниот интегритет, независноста и мултиетничкност, заштита на уставниот поредок и на државните интереси и унарпедување на животот на сите граѓани без оглед на религиска етничка и јазичка припадност, почитување на основните демократски принциипи и владеење на правото не доведувајќи ја Македонија во состојба на потчинетост, истакна Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -