fbpx
29.8 C
Skopje

Каква гаранција даде Заев?

АКТУЕЛНО

„Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија.

Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија.

Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани без оглед на етничка, верска и национална припадност.

Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеењето на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност од други држави.

Ниеден документ платформа, декларација, акт или дејство, спротивни на погоре наведените ставови не можат да бидат услов, ниту основа за формирање и дејствување на влада на Република Македонија“, пишува во писмената изјава потпишана од Заев која денеска му беше предадена на Иванов“, пишува во писмената изјава потпишана од Заев, која денеска му беше предадена на Иванов.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -