Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски по денешното доделување на мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на својот ФБ профил пишува дека Македонија доживеала и надживеала и потеши товари на историјата и дека и ова ќе помине. Милошовски во својот ФБ статус коментирајќи го претседателот на државата, Ѓорге Иванов, истакнува дека е паметен човек.
ЕВЕ ШТО НАПИША ПРАТЕНИКОТ НА ВМРО-ДПМНЕ, АНТОНИО МИЛОШОСКИ:
Секое зло за добро!
Што не било, што не поминало.
Македонија доживеала и надживеала и потешки товари на историјата. И ова ќе помине.
А ние ќе посведочиме и ќе работиме тоа што поскоро да се случи!
Народот има животна мудрост. ВМРО-ДПМНЕ има голем човечки потенцијал.
Посветени, упорни, достоинствени и сплотени.
Претседателот Иванов е паметен човек!
Да живее Македонија!
Секое зло за добро! Што не било, што не поминало.Македонија доживеала и надживеала и потешки товари на историјата. И…
Posted by Antonio Milososki on Wednesday, May 17, 2017