Последните два дена Тајланд, како и Малезија беа зафатени од големи врнежи на дожд што предизвика големи поплави.
Како што пренесуваат светските новински агенции, најкритично е во јужниот дел на Тајланд каде што до сега се потврдени 18 загинати.
Пред се во Тајланд но и во Малезија бројни села се или целосно или делумно поплавени, а се стравува дека бројката на загинати ќе расте бидејќи за исчезнанти се пријавени голем број на лица.