0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Стејт департментот го поздрави доделувањето на мандатот за нова влада

Со соопштение вечерва Стејт департментот го поздрави доделувањето на мандатот на Зоран Заев за формирање на нова влада во Македонија, наведувајќи дека се надева на соработка со новата влада во справување на предизвиците што стојат пред земјата.

„Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев. Оваа одлука претставува важен чекор напред за македонската демократија и за граѓаните на Македонија. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада во справувањето со многуте предизвици што стојат пред Македонија, вклучувајќи ја тука и потребата за демократски реформи и за целосно спроведување на Договорот од Пржино. САД остануваат пријател и партнер на Македонија и сме посветени на поддршка на нејзината европска и евроатлантска иднина“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

поврзани објави

Последни објави