Според пишување на порталот Мактел, Борис Змејковски, понудил 1 милион евра за да добие бугарски државјанства за целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Како што се наведува во текстот објавен на порталот Мактел, Змејковски, денеска остварил средба со секретарка на Петар Колев (претседател на здружението за Македонско-Бугарско пријателство), барајќи преку него забрзана постапка за добивање на бугарски државјанства на лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Според објавениот текст Змејковски бил одбиен.
Извор: Мактел