Поранешниот шампион во мотоциклизам Ники Хејден, им подлегна на повредите по сообраќајната несреќа која му се случи минатата недела. Американецот беше хоспитализран со тешки повреди на главата во болницата во Чезена, откако во Римини возејќи велосипед во него удри автомобил. Врз Хејден беа извршени неколку интервенции, но и покрај напорите на докторите тој им подлегна на повредите. Хејден во периодот од 2003 до 2016 година настапуваше во Светскиот шампионат во мотоциклизам за тимовите на Хонда и Дукати. Зеде учество на 218 трки и ја прекина доминацијата од пет титули во низа на Валентино Роси, кога во 2006 година ја освои титулата во „кралската класа“ на Мото ГП .