Крадци си заминале со богат плен од куќа лоцирана на улицата „Груица Војвода“, соопшти полицијата.
Според истиот извор, во периодот од 21:15 до 22:00 часот во Скопје, на ул. „Груица Војвода“, во куќата сопственост на И.Е. (29) непознати сторители извршиле тешка кражба.
Сторителите насилно влегле преку балконската врата на приземјето, извршиле пребарување и претурање по просториите, при што во спалната соба пронашле и одзеле метална каса во која имало пари во вредност од околу 600.000 денари, повеќе златни лири вредни околу 1.800.000 денари, разновиден златен накит во вредност од околу 2.100.000 денари и два рачни часовници. На тој начин сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.780.000 денари.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.