Царинските инспектори на граничниот премин Блаце заплениле околу 68,5 килограми марихуана, пронајдена во комбе со специјално подготвен бункер.
Како што претходно беше објавено, завчера околу 22:30 часот на граничниот премин Блаце на влез во Република Македонија било запрено комбе со хрватски регистраски таблички, управувано од хрватски државјанин со иницијали Б.К.
Во делот наменет за товар и задните седишта бил откриен бункер, во кој биле сместени 39 опаковки со различна големина, исполнети со марихуана и вкупна тежина од 68,5 килограми.
Царинската управа против сторителот ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до Јавното Обвинителство, по што подоцна ќе биде изнесен пред надлежен судија на претходна постапка.