6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Старото ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од новата ВЛАДА

По формирањето на владата со албанските парламентарни партии, лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе започне преговори и со опозициски вонпарламентарни политички партии и коалиции, со цел да бидат вклучени на одредени нивоа во извршната власт, пишува Фокус

Како што дознава Фокус од партиски извори, Заев периодов оддржува редовни контакти со Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски, Стојанче АнгеловПавле Трајанов, како и со други опозициски лидери и партии кои на последните парламентарни избори не освоија ниту еден пратеник, но директни средби и конкретни преговори со цел тие да бидат вклучени во власта треба да почнат по формирањето на владата.

Од овие партии неофицијално велат дека ќе преговараат да бидат вклучени во пониските ешалони на власта со директорски места, но и да разговараат за промена на изборниот модел од 6 во една изборна единица, со цел „помалите“ партии да настапуваат самосотјно, наместо да се групираат во големите коалиции.

Исто така, од таму најавуваат разговори околу настапот на претстојните локални избори, како и за можностите за евентуално предизвикување или оддржување на предвремени парламентарни избори, кои во голема мера би зависеле токму од исходот на изборите за градоначалници и советници.

поврзани објави

Последни објави