fbpx
0.8 C
Skopje

Георгиевски: На слугата на Груевски, Петар Гошев, можам лекции да му држам за распадот на Југославија

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО – Народна партија, Љубчо Георгиевски на својот ФБ профил одговори на навредите од страна на поранешниот гувернер на НБРМ, Петар Гошев.

Георгиевски на својот ФБ статус вели дека може лекции да му држи на Гошев за тоа како се распаднала Југославија, нарекувајќи го неговиот текст “хистеричен” во кој му фалат уште клевети за да личи на селска баба која си смета дека кој посилно вика и навредува, негова е победата.

ЕВЕ ШТО НАПИША ГЕОРГИЕВСКИ НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ

Го читам Петар Гошев во неговите продолженија што треба да бидат некаков одговор на моите прашања.Во хистеричниот текст уште клетви му фалат па да заличи како селска баба која си смета кој посилно вика и навредува негова е победата. Впрочем кога му го гледам интелектуалниот капацитет сфаќам како сам идеолошки и со анонимна група ентузиасти организатори го растуривме СКМ на чело со дотичниот. Ми раскажува како се распаднала Југославија, на Гошев лекции можам да му одржам на таа тема. Тој треба да се споредува прво со раководствата на другите републички раководства а потоа и да си одговори зошто се појави ВМРО. Ако го чекавме со неговата политика тргни-застани уште ке бевме во Југославија. Пројугословенската политика на СКМ од тоа време е толку дефиниран факт што не вреди ни да се дискутира. Вели сме се сомевале во референдумот,па се се сомневавме кога СКМ ни еднаш не кажа дека ќе подржи самостојност….
На личен план ги прежвакува текстовите на Старт. Гошев како министер за финансии сигурно добро проверил дека севкупната сума што Благовестие ја има добиено од фирми е нешто помеѓу долговите што неговата сопруга ги оставила по салоните за убавина и неговите лични долгови за опремување на куќата и станот Во Охрид. За личната етика на Гошев ке му ги соберам спонзорите на Демократската партија да го потсетат за неговите чисти раце.
И така останува Гоше во идното продолжение да ни раскаже за неговиот успех како министер за финансии и седум години Гувернер,од кои пет како слуга на Груевски.
Убаво што потврди дека Македонска банка е ликвидирана од нефинансики причини,Гошев јасно знае дека ја исполнуваше желбата на ВМРО а патем го закачи и плацот кај Гевгелија(со чисти раце).

Го читам Петар Гошев во неговите продолженија што треба да бидат некаков одговор на моите прашања.Во хистеричниот текст…

Posted by Ljubco Georgievski on Friday, May 26, 2017

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -