14.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

Богоев: Кој млад човек би се чувствувал безбедно кога гледа на ТВ, во живо, како има обид за УБИСТВО на пратеници?

spot_img

Кој млад човек би се чувствувал безбедно во својата држава кога гледа во живо, на ТВ, како има обид за убиство на пратеници? Тука доаѓа ситуација во која младиот човек си вели – ако може пратеник да нападнат, што останува за мене?

Гледаат луѓето како функционираат судовите, дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ добиваат тендери, имаат отворени врати насекаде, а за обичниот граѓанин вратите се затворени. Тоа ќе се промени. Законот мора подеднакво да важи за Стефан, како што ќе важи за гледачите кои не гледаат, исто како и за Вас, како новинар.

Среќен сум што за разлика од таму, кај нас она што не донесе до победата и слободата, да зборуваме за реформска Влада, да зборуваме за тоа како Македонија ќе оди напред, среќен сум што до тоа дојдовме со луѓе кои влегоа без калкулации, со луѓе кои влегоа идеолошки, со цел и идеја да направат нешто подобро за Македонија, вели пратеникот од СДСМ и претседател на СДММ, Стефан Богоев во вчерашното гостување на „Само вистина“.

 

поврзани објави

         

Последни објави