11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

МВР ги идентификува пратениците кои им помогнаа на тепачите на пратеници

Министерството за внатрешни работи го известило Јавно обвинителство дека презело мерки и активности во врска со Наредба за утврдување на целосни лични податоци за седум пратеници во Собранието и ги идентификувало пратениците кои им помогнаа на тепачите на пратеници, соопшти МВР.

На снимките од собраниските безбедносни камери што на 22 мај ги објавија телевизиите Телма и Алсат се гледа дека седуммина пратеници ја координирале акцијата за отворање на вратите од Собранието и пуштање на толпата внатре да го нападне пратениците од мнозинството на 27 април.

Седумтемина пратеници кои се гледаат на снимките се Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија.

поврзани објави

Последни објави