fbpx
0.8 C
Skopje

Почина Збигњев Бжежински

АКТУЕЛНО

Збигњев Бжежински, советник за национална безбедност на поранешниот американски претседател Џими Картер, почина вчера, на возраст од 89 години.

Информацијата за неговата смрт ја пренесе синоќа, преку социјалните мрежи, неговата ќерка, телевизиска водителка во Ем-Ес-Ен-Би-Си, Мика Бжежински, нарекувајќи го најинспиративниот, најсакан и најпредан татко, што би можела да има една девојка.

Бжежински помогна при уривањето на економските бариери меѓу Советскиот Сојуз, Кина и Западот и му помогна на претседателот Картер за приближување меѓу лидерите на Египет и Израел Анвар Садат и Менахем Бегин, што доведе до договорите од Кемп Дејвид.

Во последните години Бжежински учествуваше во напорите за вклучување на поранешните советски републики во НАТО.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -