fbpx
2.8 C
Skopje

„Шпигел“: Германија уште две недели ќе почека на промена на турската позиција за базата Инџирлик

АКТУЕЛНО

Германската Влада му дала рок на турското раководство за две недели да ја смени својата позиција и да дозволи германските пратеници да допатуваат во авиобазата Инџирлик, каде се наоѓаат војници на Бундесверот во рамки на меѓународната коалиција против Исламска држава, соопшти списанието „Шпигел“, повикувајќи се на свои извори, пренесе ТАСС.

Во овој рок се очекува да се спроведе уште еден круг разговори меѓу претставниците на Анкара и Берлин, посочува „Шпигел“, без да прецизира кога и каде се оддржуваат преговорите.

Германската армија му е потчинета на Парламентот, што значи дека пратениците на Бундестагот имаат право да ги посетуваат германските војници во базата во која се разместени. Одбивањето на Турција да одобри посета на германските пратеници во Инџирлик е повод Берлин да заговора преместување на своите војници.

На самитот на НАТО, неделава, во Брисел, германскиот канцелар Ангела Меркел тоа лично му го кажала на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Според информации на „Шпигел“, разговорот меѓу Меркел и Ердоган траел околу 20 минути, но не донел никаков резултат.

Односите меѓу двете земји во последно време се усложнија како реакција на внатрешнополитичките настани во Турција. Германската Влада го критикува оддржаниот турски референдум за уставни измени, како и апсењата на новинари кои имаат германско државјанство. Одбивањето на Анкара да дозволи германските пратеници да дојдат во Инџирлик е последниот повод за заострување на односите, забележува ТАСС.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -