5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Трамп во одбрана на зетот – Тој е добар човек!

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на својот зет и советник во Белата куќа Џаред Кушнер, од обвинувањата за предложената „таен канал“ за комуникација со Русија во време на транзицијата на новата Администрација.

– Тој врши голема работа настојувајќи да и заштеди пари на дражавата и јас во него имам целосна доверба, вели Трамп, во официјалното соопштение испратено до редакцијата на весникот „Њујорк Тајмс“, во кое уште се посочува дека Кушнер е „добар човек“.

Во соопштението, меѓутоа, директно не се споменува ништо за јавно изразените обвинувања за постапките и однесувањето на советникот во Белата куќа, кој е оженет за најстарата ќерка на претседателот на САД.

Кушнер беше обвинет дека му предлагал на рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак воспоставување систем за постојана тајна комуникација со Москва.

Состанокот на зетот на Трамп со Кисљак бил одржан во декември, веднаш по изборот на новиот претседател на САД, во „Трамп Билидинг“ во Њујорк. Линијата, наводно, требало да се одржува само во текот на транзицијата на новата републиканска Администрација.

Весниците „Њујорк Тајмс“ и „Вашингтон Пост“ кои први ги открија ваквите активности на Кушнер објавија дека амбасадорот Кисљак ветил дека веднаш ќе ја извести Москва за предлогот, при што, според изворот на весниците, тој останал изненаден од барањето на зетот на Трамп комуникацијата да оди преку „таните комуникациски врски“ на руските дипломати за да не биде „уловена“ од американските тајни служби.

поврзани објави

Последни објави