-0.2 C
Skopje
Friday, January 17, 2025

Министерот за внатрешни на Израел е осомничен за корупција

Израелскиот министер за внатрешни работи Арјех Дери и неговата сопруга се подложени денеска на полициско испитување во рамки на обемната истрага за корупција, јавуваат израелски медиуми, а полицијата соопшти дека испитува 14 осомничени.

Полицијата потврди дека во тек е истрага против еден „државен функционер и неговата сопруга“, но не изнесе повеќе детали.

Израелското државно радио на Твитер објави дека Дери, кој во 2002 година е ослободен, откако мина 22 месеци во затвор поради мито и проневера, влегол изутрината во просториите на полицијата за тешки злосторства со сопругата Јафа.

Приватната телегизија Канал 2 наведува дека сопружниците ги испитуваат во одвоени простории.

Весникот „Хаарец“ пишува дека Дери, како што се очекува, ќе мора меѓу останатото да објасни како ги финансирал недвижностите, кои ги купил изминатите години, како што се куќата во Сафсуфи, село во северен Израел.

поврзани објави

Последни објави