5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

“Нулта толеранција”: Ривалот на Меркел повика на затворање на џамии во Германија

Германецот Зигмар Габриел кој е најголем противник на Ангела Меркел за местото канцелар на државата излезе во јавноста со сосема радикален предлог кој вклучува „нулта толеранција“, а тоа е затварање на  Салафист џамиите ширум Германија.

„Салафист џамиите мора да бидат забранети, оваа заедница да прекине и проповедниците да бидат протерани. Сето тоа што е можно побрзо да биде реализирано“, изјави Габриел.

Ова мислење Габриел го темели на тоа што Салафист проповедникот Абу Вала беше уапасен во ноември заедно со уште неколку други лица за регрутирање во Германија на терористи за Исламската држава (ИСИС). Се верува дека и напаѓачот со камион на пазарот во Берлин за Божиќ, Анис Амри исто така комуницирал со споменатиот свештеник Вала.

 

поврзани објави

Последни објави