8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Богоев: Зборот е збор, наместо криминал ќе има одговорност и правда за сите

 Денес е убав ден. Срушивме режим после речиси 11 години тешка борба. Битката траеше долго. Преживеавме многу работи. Го преживеавме 24 декември, тепањето на пратениците и бркањето на новинарите. Издржавме закани, уцени, притисоци.

Протестиравме, бојкотиравме, кампувавме. Бевме заедно во добро и зло, но за жал честопати и во буквална смисла спасувавме жива глава. Така, го преживеавме и 27-ми април. Најцрниот ден за Закондавниот дом. Овде имаше обид за убиство.

Гордо и со исправена глава стоиме на оваа говорница кој некој се обиде да ја крши, каде што некои дивеаа и се обидоа да убијат. Ќе бидам малку себичен и ќе кажам: Денес најсреќни се токму младите, кои беа во првите борбени редови. Не игнорираа, честопати не тепаа и не бркаа надвор од државата.

600 000 луѓе заминаа од државата, доминатно млади, при што во 10 години имаме вистински егзодус за младите во Македонија. За среќа тоа е минато. Денес гласаме за ЖИВОТОТ кој после долги години доаѓа во Република Македонија.

Зборуваме дека човекот ќе биде пред се, дозволете и лично да се обратам на Зоран, на Радмила, Дамјан, Рената и на сите останати кои ќе ја предводат Владата.

Ова се професионалци и чесни луѓе, а не партиски послушници. Овие луѓе се посветени на граѓаните, а не на криминал. Овие луѓе пред се СЕ ЛУЃЕ. Тие ќе ја вратат правдата во државата, луѓе кои ќе изградат модерни студетнски домови, наместо распаднати како досега. Тоа се луѓе кои ќе го укинат екстерното тестирање и непотребната радиодифузна такса. Ова се луѓе кои ќе им помогнат на младите преку добри бизнис идеи да започнат сопствен бизнис во нашата татковина. Ќе ги задржиме младите овде, во нашата Република Македонија. Ова тие го ветија лично, ова го ветивме ЗАЕДНО. Претседателот Заев е иден премиер и тој најдобро тоа го знае: Зборот е збор. За секој збор што е даден ќе ве држиме одговорни и ќе се обидеме ние како пратеници, Собранието повторно да го направиме ДОМ на граѓаните и вистински место на демократијата.

Денес зборуваме, а утре ќе гласаме и за реформска Влада. Наместо криминални тендери, да имаме бесплатно болничко лекување, наместо изолација да имаме ЕУ и НАТО интеграција, наместо Мерцедес од 600 000 евра и наочари од 60 000 да имаме повисока минимална плата и подобар живот за сите.
Наместо криминал и прислушување, да имаме одговорност и правда за сите.
Сакам да ја искористам приликата како пратеник. Бидејќи често пратениците од левата страна не обвинуваа дека ќе ја редефинираме и продадеме Република Македонија сакам да прашам: На кого ќе ја продаваме Република Македонија кога до пред скоро време таа беше во сопственост на Никола Груевски и фамилијата? Република Македонија ќе ја вратиме назад кај граѓаните, надвор од канџите на криминалната структура од ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот од СДСМ и претседател на СДММ Стефан Богоев.

поврзани објави

Последни објави