fbpx
19.8 C
Skopje

МВР ја прошири истрагата за настаните во Собранието

АКТУЕЛНО

Секторот за внатрешни работи Скопје, во врска со настаните што се случија на 27-ми април годинава во Собранието на Република Македонија, до Основното јавно обвинителство Скопје достави четири Известувања кои се однесуваат на проширување на кривична пријава и известување со дополнителни дејствија за лица кои се претходно кривично пријавени.

– Станува збор за лицата А.З. (63), А.С. (39), В.Ц. (33) и В.Т. (40), сите од Скопје. На информативен разговор било повикано лицето П.Д. (42) од Скопје, кој по извршениот разговор бил ослободен, соопшти МВР.

СВР Скопје во консултација и соработка со скопското Основното јавно обвинителство и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните што се случија во Собранието и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -