Г-дине Адеми, не можам да ги разберам критиките за Влада во која Вие до вчера учествувавте.
Велите, оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема направено ништо во средините каде што се албанците, состојбата е на работ итн итн.. во насока и вовед што треба да направи следната влада. Вие во таа влада 9 години партиципиравте, имавте ресори, еден куп други функции, заменици минстри итн итн. Кажете ми еден километар автопат кој што некоја влада на СДСМ го градела или го гради во албански средини. Тоа го прават владите на ВМРО-ДПМНЕ. Кажете ми спортска сала која што ја направила СДСМ во било кое место во кое живеат албанци, кажете ми една фабрика, еден погон, каде што во место каде живеат албанции, Влада на СДСМ отворила фабрика. Не верувам дека ќе најдете. Нема да најдете општина во која живеат и албанци каде што Владата на ВМРО-ДПМНЕ не направила амбуланти, болници, спортски сали, патишта, проекти, кога веќе правиме споредби, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во своето обраќање до пратеникот Адеми од ДУИ.