Новоизбраниот премиер Зоран Заев, откако ја презеде функцијата го осуди нападот врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Премиерот вели дека не ги знае сите детали за случајот, објаснувајќи дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го информирал дека напаѓачот е физичко лице, кое со пиштол посегнало по Тодоров.
„Драго ми е што поранешниот министер е безбеден и сигурен, затоа што ние сме луѓе треба да си помагаме, не треба да испраќаме лоши пораки“, рече Заев
Идентитетот на напаѓачот е откриен. Станува збор за дедото на малата Тамара Димовска од Велес, која почина не дочекувајќи ја долго најавуваната операција во странство.