23.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Од ЕЛЕМ убедуваат: Ситуацијата е под контрола, нема никаков дефект

Утрово излегоа информации дека еден од трите блока на РЕК Битола откажал функција, па струја во земјава дополнително се увезувало. По овие информации со реакција се огласија од ЕЛЕМ. Тие во нивното обраќање за јавноста не кажаа дали се работи за редовно или дополнително увезување на струја, ниту пак дали имало дефект, туку само изјавија дека ситуацијата е под контрола.

„Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија“, изјави Христијан Мицкоски, директор на АД ЕЛЕМ. Тој дададе дека поради екстремно ниските температури кои ја зафатија државата, потрошувачката на струја е зголемена за 10%.

„Ние сме сега пред еден сериозен предизвик и не само ние, туку и цела Европа. Имаме вонредни временски прилики при што во текот на вечерва температурата во Македонија падна и под 25 степен под нулата, во Скопје беше околу -23. Сите чинители во електроенергетскиот систем сме подготвени. Ќе го пратиме конзумот, потребите на граѓаните и индустријата и соодветно на нивните потреби и така ќе одговараме“, изјавија од ЕЛЕМ.

поврзани објави

Последни објави