Македонија и покрај „милениумската“ историја (со која можете да се запознаете од книгите на Александар Донски и емисиите на Дардан Венетски на тв Сонце) си останува една мала земја, која мора да го најде своето место, на светската политичка карта. Одредени квазипатриотски структури скоро секојдневно нѐ „бомбардираат“ со своите русофилски испади, само и само да ни докажат дека под чизмата на Путин, цел свет ќе нѐ респектира и веќе нема да имаме потреба да се замараме за „круцијални“ прашања какви што се: името, идентитетот, политичкото гласање на Евровизија и се разбира најважното прашање од сите можни: Каде е Б.Ц. и зашто сѐ уште ја нема преземено одговорноста за промената на власта и падот на Груевски?! Балканскиот лав треба да се разбуди и треба да сфати дека во суштина е едно маче. Маче кое чека некој да му го признае името, да му го признае идентитетот и да му ја признае историјата, онаа историја што започнува со богот Македон, поминува преку Клеопатра и завршува со Талат Џафери.
Пишува: Батко Тане